Македонија

Бектеши тврди дека од 1 јануари нема да поскапe струјата – „ТЕЦ Неготино ќе работи кога тоа ќе биде исплатливо“

Бектеши тврди дека од 1 јануари нема да поскапe струјата – „ТЕЦ Неготино ќе работи кога тоа ќе биде исплатливо“

Министерот за економија, Крешник Бектеши кажа дека се прават пресметки за да не поскапи струјата од 1 јануари.

„ТЕЦ Неготино ќе работи кога ќе биде исплатливо да работи. Поевтино е во моментов да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино“, вели министерот.

Бектеши вели дека се прават калкулации за да се избегне поскапување.

„Ако мислите дека треба да произведеме струја со повисока цена, ќе го направиме тоа и нема да го штитиме Буџетот, но ние носиме одлуки во заштита на БУџетот и граѓаните кои ни се приоритет. Правиме пресметки за да нема поскапувања“, објасни Бектеши.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни