Македонија

Лицата кои учествуваа во инцидентот во Куманово се на распит

Лицата кои учествуваа во инцидентот во Куманово се на распит

Основното јавно обвинителство Куманово и СВР Куманово интензивно постапуваат за расчистување на настанот регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи, во кои, според првичните информации кои се проверуваат, две лица биле предмет на напад од поголема група.

Димитриевски: Кој се обидува да го наруши соживотот во Куманово, чекам одговор од Спасовски, Ковачевски и Ахмети

„Речиси сите лица од објавената видео снимка се веќе идентификувани и се преземаат дејствија за утврдување на причините и мотивите за инцидентот. Се врши распит и на учесниците и на други лица кои би можеле да имаат одредени сознанија. По целосно утврдување на фактите, Основното јавно обвинителство Куманово ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката за што јавноста веднаш ќе биде информирана​“, додаваат од обвинителството.

Ноќни бркотници низ Куманово: Маскирани лица нападнале младо момче (Видео)

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни