Во интерес на јавноста барам одговор од надлежните во МВР во врска со синоќешните настани во Куманово:
Ноќни бркотници низ Куманово: Маскирани лица нападнале младо момче (Видео)
– Кој тоа се обидува да го наруши соживотот во Куманово и дали оваа е само изолиран инцидент?
– Дали концертите кои предпет дена го наполнија плоштадот со млади Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, Црногорци и др. можеби вознемирија поедини политички субјекти и самопрогласени авторитети па навлегуваат во веќе видени сценарија? Чекам одговор од Спасовски, Ковачевски и Ахмети?“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Куманово.