Владата ќе му ги одземе ингеренциите за Универзална сала на Град Скопје и ќе ја продолжи реконструкцијата, јавува СДК.мк.
Според порталот, ваквата одлука била донесена на последната владина седница.
Владата препорачала Министерството за култура да почне постапка за преземање на концертната сала бидејќи градоначалничката Данела Арсовска не ја продолжува реконструкцијата почната од нејзиниот претходник Петре Шилегов и објектот една година стои разурнат.
Денеска за оваа тема закажан е состанок во Град Скопје меѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалничката Данела Арсовска
Доколку градоначалничката не се противи Министерството да ја презема концертната сала, тогаш ќе се донесе одлука за преземање која треба да ја усвои Советот на Град Скопје, но, доколку таа не сака да ги предаде ингеренциите, тогаш Владата ќе ја одземе со прогласување за објект од национален интерес.
Парите за реконструкција од 1,9 милиони евра се обезбедени од Владата.