Македонија

Град Скопје се согласи да и ги отстапи надлежностите за Универзалната сала на Владата

Град Скопје се согласи да и ги отстапи надлежностите за Универзалната сала на Владата

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов попладнево се сретнаа со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, каде поразговараа околу процесот за реконструкција на Универзалната сала.

По средбата беше соопштено дека двајцата министри добиле согласност од Арсовска – Министерството за култура целосно да ја преземе универзална.

Министерката за култура, истакна дека во Министерството се пуштени средства за реконструкција на оваа сала.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни