Македонија

Помош за најранливите категории граѓани – ќе се исплаќаат пари во наредните 4 месеци

Помош за најранливите категории граѓани – ќе се исплаќаат пари во наредните 4 месеци

Во време на економска и енергетска криза, од новиот антикризен пакет помош ќе добијат најранливите категории граѓани, изјави министерката за труд, Јованка Тренчевска.

Приматели на помош од овој пакет се: самохраните родители, приматели на гарантирана помош, лица со попреченост, над 26 години и деца со попреченост, лица кои имаат надоместок согласно Законот преку Агенцијата за вработување, во наредните четири месеци ќе добиваат 3000 денари месечно, како дополнителен приход.

Пензионерите, пак, со пензија до 14.000 денари ќе бидат поделени во две категории. Првата категорија е со минимална пензија до 11.525 денари. Оваа категорија ќе има дополнителен приход од 1500 денари во наредните четири месеци. Втората категорија на пензионери со пензија од 11.525 до 14.000 денари ќе има дополнителен приход од 750 денари месечно.

Примателите на туѓа нега ќе добиваат по 3000 месечен приход, во наредните 4 месеци, а лицата со надомест за телесно оштетување по 750 денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни