Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, денеска во изјава за медиумите посочи дека пронајден е пропустот со кој контроверзниот Украинец Олександр Онишченко добил македонски пасош.
Според него, агенцијата последното ниво кое требало да го направи во консултација со партнерите од НАТО алијансата, не ги направиле.
„Преземени се мерки за утврдување на одговорност. Испитуваме дали се работи за изолиран случај или има друг предмет. За лицето и други инволвирани во овој случај, ќе бидат преземени законски мерки. Од законот ќе зависи дали ќе заврши со дисциплинска или кривична одговорност. Ќе видиме се дали работи луктративен интерес, пропуст… Ќе ве информираме како ќе продолжиме“, кажа Димовски.