Македонија

Пронајден кокаин и мини лабораторија во тетовско

Пронајден кокаин и мини лабораторија во тетовско

Полициски службеници од СВР Тетово денеска (18 ноември), по претходно обезбедена судска наредба, извршија претрес во домот на 47-годишниот Џ.Н. во тетовско Слатино.

При претресот, пронајден е кокаин и мини лабораторија во која кокаинот се  подготвувал за продажба, три дигитални ваги и рамка со 8 куршуми пиштолска муниција, калибар 7, 62 милиметри.

Џ.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна кривична пријава, по што ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни