Македонија

Силјановска: Преспанскиот договор е штетен за Македонија и македонскиот идентитет не треба да се загрозува

На денешната конференција на Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот на претседател Гордана Силјановска рече дека договорот од Преспа е штетет и дека со него е загрозен македонскиот идентите.

„Јас бев во политиката едно кусо време и мислев дека тоа не е мојот свет. Меѓутоа политиката почна да го креира нашиот живот и кога зборуваме за добри политики тогаш и имаме добар живот. Но се случија нешта кои наместо уметност на можното покажаа дека политиката може да биде на некаков начин земена, украдена, окупирана од многу мал број на луѓе кои мислат дека знаат се, дека политиката е нивна. Дека политичкото е нивно обележје. А, кога нема критика, не може да има добра политика. Значи не смее политиката да биде во рацете на неколкумина, не смее политиката да биде само една страна, а да нема критичка димензија“, рече Силјановска Давкова.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни