Македонија

Османи: Со АА се разговара за заедничката проценка дека постои политички моментум што наметнува поголема координација меѓу партиите

Османи: Со АА се разговара за заедничката проценка дека постои политички моментум што наметнува поголема координација меѓу партиите

Министерот за надворешни работи и функционер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите истакна дека со Алијансата за Албанците се разговара за заедничката проценка дека постои политички моментум кој наметнува поголема координација помеѓу политичките партии чија цел е брза трака за членство во Европската унија.

– Дека се разговара, го потврдија сите чинители во процесот, но што се разговара е прашањето. Се разговара за заедничката проценка дека постои политички моментум кој што наметнува поголема координација помеѓу политичките партии кои што имаат за цел брза трака за членство во Европската унија, односно постојат вонредни предизвици кои што бараат вонредни пристапи. Кажав кои се тие вонредни предизвици. Првата, уставните измени кои што треба да го обезбедат неспречениот тек на преговорите, скринингот кој што исто така бара инклузивност на политичките субјекти кои бараат и веруваат во ветувањето, односно во намерата во 2030 година Северна Македонија да стане членка на Европската унија. Енергетската и економската криза, сето тоа се вонредни пристапи, рече Османи.

Османи потенцира дека тоа не значи дека се воведуваат нови преседани, туку се бара решение за конкретните предизвици.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни