Органите на правдата треба да бидат независни, затоа бараме ветинг, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети коментирајќи ги критиките на амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, дека изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е конфузен за САД.
Инаку обвинителот Абази негираше дека е во блиски односи со функционери на ДУИ иако на социјалните мрежи се појавија неколку негови фотографии со функционери од Интегративците.
„Мислам дека произнесувањето на амбасадорката на САД се однесува на начелата, борбата против криминалот и корупцијата треба да биде бескомпромисна, правосудните органи и органите на правдата да бидат независни и ние цело ова време промовиравме дека легислативата треба да биде независна и не случајно 3 или 4 години инсистираме на ветинг во сите правци и државни функции, од политички фигури се до законодавството“, вели Ахмети.