Македонија

ТРАГЕДИЈА: Брачен пар од струмичко Мокриево загина во сообраќајка кај Колешино

ТРАГЕДИЈА: Брачен пар од струмичко Мокриево загина во сообраќајка кај Колешино

Брачна двојка од струмичко Мокриево почина на лице место откако попладнево со патничко моторно возило излета од патот во Колешино и заврши во околниот канал, јавува СДК.мк

Според нивни информации, несреќата се случи на излезот од селото, најверојатно поради неприлагодена брзина, а во извлекување на телата мораше да интервенира и екипа на струмичката противпожарна единица.

Трагичниот настан го потврдија од струмичката полиција од каде што соопштија дека станува збор за маж и жена на возраст од 70 и 69 години од Мокриево, кое што за неполни 24 часа ја бележи и третата жртва во сообраќајки.

ФОТО: СДК.мк

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни