40-годишна жена од Тетово вчера завршила со скршеница на десната нога и повредена рака по обид да избегне напад од бездомни кучиња, јавува Телма.
„Се движев од дома кај зелениот пазар кон автобуската постојка на булеварот за да одам трета смена на работа. Кучињата ме нападнаа кај пазарот. Се обидов да побегнам преку жардиниерата помеѓу тротоарот и велосипедската патека, но тука се сопнав и ја искршив ногата и ја повредив раката“, вели жената.
Таа била однесена во тетовската болница каде и била направена имобилизација со гипс, а санирана била и повредата на раката.
Случајот е пријавен во полиција.