Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е претворена во див Запад, а власта ништо не презема

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта не е способна да ја гарантира безбедноста на граѓаните на земјава, со последните три убиства во само три дена. Велат дека Македонија е претворена во див Запад.

„За три дена три убиства во Република Македонија. Власта потфрли и е неспособна да го гарантира мирот и безбедноста на граѓаните. Зоран  Заев и Оливер Спасовски ги претворија улиците низ градовите во државата во воени боишта, никој не е сигурен за својот живот.

На 2 март е извршено убиство на средновечен маж во Тетово, на 1 март е убиено младо момче од скопско Шишево, додека на 28 февруари е застрелан маж во Струга. Република Македонија е претворена во див Запад, луѓе ги губат своите животи, а власта ништо не презема.

Овие три убиства се само дел од низата убиства, од кои голем број се нерасчистени и се имаат случено откако СДСМ е на власт.

Криминалци се чувствуваат комотно и со оружје се шетаат низ центарот на Скопје, се палат автомобили и се вршат грабежи и разбојништва скоро секој ден, а раѓаните се исплашени за својата безбедност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни