Од ноќеска на полноќ ќе возиме со поскапи горива за два денари за бензинот, а дизелот ќе поскапи за едн денар, исто како и лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Со тоа новата цена на литар Еуросупер БС-95 ќе изнесува 64,5 денари, а литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по 66,5 денари. За литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се плаќа 61 литар, а екстра лесното масло за домаќнство (ЕЛ-1) по 49,5 денари.
За 0,619 денари се зголемува цената на мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе чини 32,847 денари.