Македонија

Османи по повод една година од страшната несреќа во Бугарија: Една од најголемите колективни трагедии со кои се имаме соочено

Османи по повод една година од страшната несреќа во Бугарија: Една од најголемите колективни трагедии со кои се имаме соочено

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави дека на денешен ден, 45 наши државјани трагично загинаа во големата автобуска несреќа во Република Бугарија.

„Огромна загуба, пред сѐ за семејствата и блиските на починатите, но и како земја, оваа несреќа претставува една од најголемите колективни трагедии со кои се имаме воопшто соочено. Обремени со голема тага и тежина за големата загуба, Министерството за надворешни работи беше соочено и со сериозен административен, технички и дипломатски предизвик организирано да пристапи кон пренос на останките, без притоа да се загрози истражната постапка која ја работеа безбедносните и правосудните служби на Бугарија и Северна Македонија. Изразувајќи уште еднаш сочувство за загубата кон роднините и пријателите на починатите. Сакам уште еднаш да изразам благодарност и почит кон оние кои ја организираа и достоинствено ја завршија сложена задача поврзана со пристигнувањето на останките во земјава“, вели Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни