Македонија

Водостојот на реките се зголемува, нивото на езерата во рамки на просекот

Водостојот на реките се зголемува, нивото на езерата во рамки на просекот

Водостојот на повеќето реки низ државата е над просекот за ноември, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Намалување под просекот имаат реките Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село, Црна Река кај Новаци и Брегалница кај Берово.

Според УХМР, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и во Охридското Езеро е во рамки на просекот за ноември.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни