Македонија

Предупредување од УХМР: Обилни врнежи попладне, заладувањето ќе ни донесе и снег

Предупредување од УХМР: Обилни врнежи попладне, заладувањето ќе ни донесе и снег

Под влијание на влажна и студена воздушна маса утре времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места особено во западните делови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни