Македонија

Каде застана „Ласкарци“? Обвинителството бавно, Владата без одлука за оштета

Речиси 20 дена по трагичната несреќа кај селото  Ласкарци кога автобусот на Дурмо турс излета од автопатот ,   причините кој доведоа до несреќата се уште не се познати, а  животот го загубија 15 лица.  Од ОЈО велат дека до сега нема нови детали и дека се уште се очекуваат извештаите од вештачењето. Во континуитет се повикуваат на распит сведоците за настанот. 20 лица се повикани на распит, а се очекува да бидат повикани уште 30 други. Случајот е премногу тежок и бара многу време за расчистување, велат од Обвинителството.

„Се уште не се знае кога ќе заврши истражната постапка и колку ќе трае истата, бидејќи не зависи само од Обвинителството. Во постојан во контакт сме со надлежните институции за да се преземат активностите кои се приоритет“ – ОЈО.

Од ГОБ “8 Септември“ известуваат дека во моментов во оваа болница се хоспитализирани 5 лица, од кои еден пациент е во тешка состојба, а 15 годишното момче кое воедно е и најмладиот пациент од несреќата, денеска е пуштено на домашно лекување. Тројца од повредените се во релативно добра состојба.  Во Клиничкиот центар Мајка Тереза девојката која се здоби со тешки повреди се уште е во критична состојба.

До сега од Владата се уште не се преземени мерки за финансиска поддршка за семејствата на жртвите и повредените во несреќата од 13 февруари. Во несреќата животот го загубија 15 лица а десетина  беа повредени. Инаку над 800.000 евра отштета ќе треба да исплати осигурителната компанија „Еуросиг“ на повредените и на семејствата на починатите во сообраќајката кај Ласкарци.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни