Македонија

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места особено во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни