Балкан

„Стотици парови принудени да одат во Прага, Солун, Скопје“ – Брнабиќ остро им порача на Двери: Срам да ви е!

„Стотици парови принудени да одат во Прага, Солун, Скопје“ – Брнабиќ остро им порача на Двери: Срам да ви е!

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ, остро реагираше на позициите на движењето Двери насочени против популационата политика во земјата и новите мерки за поддршка на наталитетот со овозможување ин витро оплодување во Србија со дониран репродуктивен материјал.

Нејзината реакција доаѓа откако весникот Данас го објави написот: „Двери: Ин витро оплодувањето со дониран материјал може да влијае на промената на геномот на идните генерации“.

Премиерката на Твитер напиша:

„Срам да ви е – и несреќниците од Двери, и медиумите кои емитуваат вакви глупости без никаков критички осврт или коментар, со што директно промовираат такви ставови. Стотици жени и парови од Србија беа принудени на овој начин да го постигнат родителството, но мораа да се борат за тоа во Прага, Солун, Скопје и други земји и градови, бидејќи тоа не можеа да го направат во својата земја. Наскоро ќе можат, затоа што имаат одговорна влада која работи во интерес на нашите граѓани и нашата држава, а не промовира бесрамна фашистичка идеологија и глупост. Уште еднаш: срам да ви е – и Двери и Данас“, вели Брнабиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни