Македонија

Ни доаѓа првиот снег – ски центрите спремни!

Ни доаѓа првиот снег – ски центрите спремни!

Ни доаѓа првиот снег во Македонија, а ски центрите веќе се спремни.

Од Ски Центарот Нижеполе посакуваат среќна и бериќетна ски сезона, а и да трае барем колку минатата.

„Полека но сигурно, првиот годинашен снег ни доаѓа. Да ни биде среќна и бериќетна и оваа ски сезона ,и нека трае барем колку минатата…“, велат од таму.

Според УХМР, утре ќе се разбудиме со снег.

Слаб снег наместа ќе провејува утре во утринските часови, но во текот на денот, како и во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето. Нов влажен бран со локални врнежи од дожд, а на планините на запад од снег, се очекува во среда и четврток.

Утринските температури ќе се движат од минус 5 до 3 степени, а дневните од 1 до 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни