Балкан

Авионот на владата на Венецуела ненадејно слетал во Атина

Без никаква најава и без да биде доставен план за летање, владиниот авион на Венецуела во саботата напладне слетал на аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина, објави денеска грчката телевизија „Скај“, а пренесе „МИА“.

Телевизијата повикувајќи се на ексклузивни информации, ја пренесе оваа информација, која предизвика големи несогласувања меѓу власта и опозицијата во Грција, обвинувајќи се меѓусебно за овој потег.

И натаму останува „мистерија“ што барал венецуелскиот владин авион во Атина.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни