Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната Арсовска го принудува директорот на „Паркови и зеленило“ да чита текстови напишани од консултантите на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната Арсовска го принудува директорот на „Паркови и зеленило“ да чита текстови напишани од консултантите на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ со реакција по повод изјавата на директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Реџепи Зухејр на денешната седница на Советот на Град Скопје.

„Додека јавноста очекува решенија на Градот за јавниот превоз, еклатантно неспособната Арсовска го принудува директорот на „Паркови и зеленило“ да чита текстови напишани од консултантите на Град Скопје најмени за 4 милиони денари.

ВМРО-ДПМНЕ нема да се занимава со невистини и лаги пласирани од неспособната Арсовска.

Јавноста денес очекува одговори зошто нема навремен и комплетен јавен превоз?

И второ, Арсовска треба да одговори што се договорила на тајната средба со премиерот Ковачевски, на која присуствувал и Стевчо Јакимовски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни