Македонија

Медената Атиџе се запозна со германскиот претседател: Си разменија тегли со мед!

Медената Атиџе се запозна со германскиот претседател: Си разменија тегли со мед!

Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова денеска го запозна германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, кој со неговиот македонски домаќин, Стево Пендаровски ја посетија Старата скопска чаршија.

Тие си разменија и тегли со мед.

Муратова му подари тегла од својот мед, а гостинот пак и возврати на идентичен начин и со идентичен подарок – тегла мед од негово производство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни