Македонија

Кривична за 21-годишна битолчанка – под дејство на алкохол излетала од коловозот, совозачот починал

Кривична за 21-годишна битолчанка – под дејство на алкохол излетала од коловозот, совозачот починал

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Ш.(21) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и ,,загрозување на безбедноста во сообраќајот“.

На 28.11.2022 на магистрален пат Битола – Ресен, пријавената под дејство на алкохол, управувајќи патничко возило, со возилото излетала од коловозот, при што совозачот починал од здобиените повреди, а таа се здобила со телесни повреди.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни