Македонија

18-годишно момче во светиниколско со дрвен предмет нападнало 66-годишен маж

18-годишно момче во светиниколско со дрвен предмет нападнало 66-годишен маж

На 30.11.2022, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го привеле А.Ѓ.(18) од с.Немањици, светиниколско, затоа што околу 15.00 часот на место викано „Тоољ“, атар на с.Мечкуевци, светиниколско, по претходна расправија и меѓусебна физичка пресметка, со дрвен предмет го нападнал Л.Ј.(66) од Пробиштип и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

По комплетирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни