Македонија

Перо Камиказа ќе се кандидира за претседател на Македонија

Перо Камиказа ќе се кандидира за претседател на Македонија

Музичарот Петар Георгиевски-Камиказа во интервјуто за „Слободна ТВ“ порача дека ќе се кандидира за претседател на Македонија.

„Не се откажувам од политичките амбиции. Во 2024 година ќе се кандидирам за претседател на државата. На луѓето им се смачи од криминалци во политиката и ќе им дадам шанса да изберат чесен човек“, вели Камиказа.

Тој додава дека на локалите избори за градоначалник на Скопје го поддржала само една помала политичка партија.

„Истрчав без буџет, ме имаше само на три билборди, медиумите ме игнорираа, изборната битка меѓу големите етаблирани партиски сили беше нерамноправна и во такви услови освоив над 25.000 гласа. Тоа ми дава сила да не се откажувам од политиката“, вели Георгиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни