Македонија

Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица

Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица

Пречиста Богородица спаѓа во поголемите есенски празници што се празнуваат со домашна слава. Овој празник, исто така, е меѓу дванаесетте најголеми христијански празници. Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што сè уште немаат деца. Верниците со свеќи в раце се помолија за здравје и бериќет.

Црквата Пресвета Богородица е запалена и урнисана во последните денови на окупација во Втората Светска Војна, а е возобновена во јануари 2008-ма.

Храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, којашто се смета за заштитник на Градот Скопје е преполн со верници, коишто денес дојдоа да запалат свеќи за здравје и среќа. Инаку, овој храм се наоѓа на левиот брег од реката Вардар во познатото Пајко маало.

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата Дева Марија во Ерусалимскиот храм.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни