МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-2 Попова Шапка, 1 Маврови Анови, Лазарополе, 3 Крушево, Крива Паланка, 4 Претор, 5 Берово, Охрид, 6 Прилеп, 7 Тетово, Виница, 8 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 7 Битола, Куманово, 8 Струмица, Штип, 9 Демир Капија, Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во l/m2)
7 Охрид, 6 Битола, 5 Претор, 4 Прилеп, Тополчани, 3 Крушево, Пожаране, 2 Дебар, Гевгелија, Маврови Анови, 1 Тетово, Попова Шапка, Демир Капија.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време, претежно во југозападните делови утринава има појава на локален дожд со слаб до умерен интензитет. Дува слаб претежно југоисточен ветер. Во котлините е магливо или со ниска облачност.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Наутро по котлините ќе има услови за магла. Претпладне во јужните делови ќе има појава на краткотраен локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
Во Скопје наутро со појава на слаба магла, а преку денот променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.