Претседателот на државата Стево Пендаровски беше во посета на Ристо Донев.
Се работи за лице со церебрална парализа и со импресивен ум, носител на титулата интернационален мајстор во дописен шах.
„Разговаравме за неговата 13 годишна институционална битка за докажување на правото за спортска пензија. Државата да најде начин да ги валоризира неговите исклучителни шаховски достигнувања, бидејќи како што вели: Јас не барам милост, туку правда“, напиша Пендаровски.