Македонија

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да седнат и го решат хаосот со јавниот превоз во Скопје, порачаа од СДСМ

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да седнат и го решат хаосот со јавниот превоз во Скопје, порачаа од СДСМ

Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје, денеска посочи дека хаосот во Скопје кој го создало ВМРО-ДПМНЕ не може да се реши со делумно повлекување на блокадите.

Според него, колапсот на јавниот превоз во Скопје е резултат на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, нивната градоначалничка и кавгите за тендери и провизии.

„Стотици илјади граѓани на Скопје трпат директни штети поради кавгата на Мицкоски со Арсовска. Градоначалничката, претседателот на Советот, мнозинството во Советот на Град Скопје, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија во Скопје сите се кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите овие освен што се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска да седнат и да најдат решение за проблемот со јавниот превоз.

СДСМ ги повикува да седнат, да работат, да најдат решение за проблемот што го создадоа и да го ослободат и Скопје, но и државата од блокади и хаос“, велат од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни