Македонија

Мицкоски обвинува: Новиот увоз на струја е за 7 дена, од 12-ти до 18-ти декември, а ЕСМ за овој увоз „херојски” ќе плати со народни пари околу 2.500.000 евра

Мицкоски обвинува: Новиот увоз на струја е за 7 дена, од 12-ти до 18-ти декември, а ЕСМ за овој увоз „херојски” ќе плати со народни пари околу 2.500.000 евра

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на својот Фејсбук профил излезе со ново обвинување.

„Иста компанија, „херојски“ авансни провизии, многу криминал и корупција. Не треба истрага, не треба специјални тимови, криминалот е насекаде. Треба избори и нови луѓе да ги водат институциите.

Новиот увоз на струја е за 7 дена, од 12 до 18 Декември, а ЕСМ за овој увоз „херојски” ќе плати со народни пари околу 2.500.000€.

Од 7 Ноември до 18 Декември или за точно 41 ден, потрошени се вкупно 39.180.708€ за увоз на струја.

Доаѓа крајот на корумпираните политички измамници. Доаѓа време за одговорност!“, вели Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни