Обвинителката Фатиме Фетаи по денешната пресуда за случајот „Титаник 2“, побара притвор за Бедредин Ибраими и Сашо Мијалков, поради како што соопшти, опасност од бегство.
Фетаи ја образложи оваа одлука со тоа дека кај двајцата постојат околности кои укажуваат за бегство.
За лидерот на ДПА Мендух Тачи предложи мерка претпазливост, за Сашо Срцев мерка обезбедување присуство, а за Анета Стефановска мерка претпазливост. Фетаи предложи притвор и за Влатко Сајковски.