Македонија

ФОТО: Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими донесени во Шутка

Со засилено полициско обезбедување Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими беа донесени во затворот во Шутка.

Пред затворот присутен беше и синот на Мијалков, кој по пристигнувањето на двете комбиња се упати на пријавницата каде најверојатно остави некои лични предмети за Мијалков.

Мијалков и Ибраими се во притвор на барање на Фатиме Фетаи поради можноста од бегство, а тие денеска беа осудени на три годишна затворска каза во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни