Македонија

Гургурница доби ново училиште, проект реализиран од Светска банка и ЕУ (ВИДЕО)

Околу 200 ученици во село Гургурница, Општина Брвеница добија ново училиште преку Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) на Министерството за финансии, кој се реализира со поддршка на Светска банка и Европската Унија.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар и претставникот на Светска банка Беким Имери денеска го посетија основното училиште „Гоце Делчев“ во Гургурница. Беа придружувани од министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за финансии Ширет Елези и градоначалникот на Општина Брвеница, Енвер Пајазити. Новото училиште е во вредност од 46 милиони денари.

Преку проектот МСИП, како што соопштуваат од Министерството за финансии, се обезбедени 45,5 милиони денари, од кои 16 милиони денари се грант средства од ЕУ преку ИПА фондовите, а останатите се заем по исклучително поволни услови – каматна стапка од каматна стапка од 0,4 отсто со 13 години отплата и три години грејс период.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни