Македонија

Потпишан договор – ќе се отвори граничниот премин Маркова Нога кај Преспа

Двајцата министри за надворешни работи Димитров и Анагностопулу потпишаа спогодба за отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос во регионот на Преспа.

Ова е прв договор кој е потпишан со новото име Северна Македонија.

„Имаме еден историски договор после историскиот успех со Договорот од Преспа. Задоволство ми е што овој договор за отворање на граничниот премин го потпишавме на три јазици, македонски, грчки и англиски јазик“, рече министерот Димитров.

Ианку, Анагностопулу е во дводенвна посета на Северна Македонија, а на денешната средба беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на преспанскиот договор со цел осмислување и развивање на сеопфатна и интензивна соработка во сите области, чијашто крајна цел се позитивни, видливи и конкретни резултати во полза на граѓаните на двете земји. Беше рaзговарано и за поддршката што Грција ѝ ја дава на нашата земја во контекст на евроинтегративниот процес.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни