Првиот човек на Регулаторната комисија Марко Бислимовски вели дека во изминатите неколку месеци, тој и комисијата беа напаѓани, пред се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поради високата цена на нафтените деривати.
Дури беше и лепен на плакати и билборди низ Скопје, поради што, како што вели се чувствувал како криминалец. Бислимовски вели дека РКЕ цената ја пресметува според утврдена методологија која се користи во цела Европа. За билбордите и навредите чека извинување.
„Како што знаете, особено бевме напаѓани поради цените на нафтените деривати. Па, дури јас бев залепен на плакати низ Скопје и се чувствував дека сум најголем криминалец во државата. И тогаш кажував дека тоа се лажни вести. Изминатите две три недели, пред се поради паѓање на цената на нафтените деривати на светските берзи, како и намалување на курсот на доларот, РКЕ ја намали цената на нафтените деривати за повеќе од 30 денари. Тој тренд продолжува и денес“, вели Марко Бислимовски.