Македонија

За 30% намалена смртноста кај новороденчињата, нови мерки за згoлемени контроли во руралните зони

Министерот за здравство, Венко Филипче, во презентацијата на проектот за намалување на смртноста на новороденчињата и мајките, истакна дека Владата со новите мерки што ги презела до сега, споредено со периодот 2017/18, смртноста на новороденчињата е намалена за 30%.

Во јануари оваа година, во болницата за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ предвреме се родиле 59 бебиња. Ваљон Беља, економски директор на болницата рече дека ситуацијата е добро менаџирана, иако клиниката има капацитет за само 23 предвремено родени бебиња.

„Имаме простории и персонал и добро се погриживме за сите новороденчиња. Можностите беа такви да можеме да сместиме само 23 бебиња, меѓутоа во такви итни случаи треба да се излезе во пресрет и на мајките и на бебињата. Кога имаме такви итни случаи постои широк стручен конзилиум каде се свикуваат сите клиники да седнат заедно и да ја поделат одговорноста со цел да се излезе во пресрет“, изјави Ваљон Беља – економски директор на гинеколошката болница.

За намалување на смртноста кај новороденчињата и мајките, Министерството за здравство изготви план со кој се обврзуваат гинеколозите од секундарно ниво да вршат контроли на примарно ниво во зоните каде што нема доволно гинеколози и гинеколошки амбуланти. Планот предвидува преку мобилни гинеколошки амбуланти да се посетуваат жените во руралните зони каде што воопшто нема гинеколог.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни