Северна Македонија и Грција за прв пат по Преспанскиот договор потпишаа уште еден договор. Двете соседни држави во иднина ќе имаат нов граничен премин во регионот на Преспа, наречен “Маркова нога“.
„Среќна сум за соработката, да се зајакнат уште повеќе односите меѓу нашите земји“, изјави Анастасија Анагностопулос – алтернативен министер за надворешни работи на Грција.
На средбата меѓу министрите Димитров и Анагнастопулос се зборуваше и за спроведувањето на Преспанскиот договор, за развој на соработката во сите области со цел да се постигнат резултати кои ќе ги почувствуваат граѓаните на двете земји. Алтернативната министерка за надворешни работи на Грција исто така се сретна и со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и разговараа за исполнување на обврските кои произлегуваат од Преспанскиот договор. Османи истакна дека напредокот во политичките односи меѓу двете држави ќе се потврди со силната поддршка од Грција во следниот период, пред самитот во јуни.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ