Свет

ВИДЕО: Макрон влезе во соблекувалната на Мароко за да гушне играч

ВИДЕО: Макрон влезе во соблекувалната на Мароко за да гушне играч

МАРОКО е поразен од Франција со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство и во сабота од 16 часот ќе игра за третото место против Хрватска. Мароканците одиграа квалитетен натпревар, но им недостигаше реализација. Еден од најдобрите играчи на Мароко на овој турнир е играчот од средниот ред Софијан Амрабат (26) од Фиорентина, кој се истакна во дефанзивниот сегмент од играта.

Маркон го прегрна Амрабат

По синоќешниот натпревар, францускиот претседател Емануел Макрон слезе во соблекувалната на Мароко за да му честита на противникот за отпорот. Откако се поздрави со неколку луѓе, Макрон му пријде на Амрабат и го гушна со порака дека е најдобриот играч за врска на овој Мундијал. Амрабат е цел на Ливерпул и оваа зима лесно може да ја напушти Фиорентина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни