Македонија

АД МЕПСО: Преземените количини од МЖ Транспорт прават дисбаланс во системот

АД МЕПСО: Преземените количини од МЖ Транспорт прават дисбаланс во системот

Од АД Мепсо велат дека според регистрираното на нивните броила се бележи испорачаната електрична енергија од електропреносниот систем, односно МЖ Транспорт во последниве денови, преземал одредени количини електрична енергија од преносната мрежа.

„Генерално, преземените количини прават дисбаланс во системот, но тие количини се мали за да бидат окарактеризирани како загрозувачки за работењето на елепреносниот систем. И покрај тоа што МЖ Транспорт во моментов нема снабдувач за електрична енергија, АД МЕПСО не ја исклучи оваа компанија од електропреносната мрежа бидејќи согласно законските одредби МЖ Транспорт е од посебна важност за одвивање на нормалниот живот на граѓаните и за функционирање на стопанството“, велат од таму.

Сепак АД МЕПСО ќе преземе соодветни чекори за неовластеното преземање електрична енергија од страна на МЖ Транспорт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни