Македонија

Се расправале со менаџерите, а потоа сакале да фрлат бомба во објектот – уапсени двајца скопјани

Се расправале со менаџерите, а потоа сакале да фрлат бомба во објектот – уапсени двајца скопјани

Нa 16.12.2022 околу 01.25 во угостителски објект на бул.„К.Ј.Питу“ полициски службеници ги лишиле од слобода М.С.(40) и А.П.(45), двајцата од Скопје.

Непосредно пред тоа, по претходно недоразбирање со менаџерите на објектот, сакале да фрлат рачна бомба кон нив во објектот.

Лицата се приведени во полициска станица, а неексплодираната бомба е обезбедена и подигната од Единицата за антитероризам.

Нема повредени лица или било какви оштетувања.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни