Вечерва конечно почнува новогодишното украсување на главниот град.
На улиците низ Скопје попладнево може да се забележат возила на Град Скопје, кои носат предмети за украсување на градот.

Вчера, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска најави и новогодишна програма, но не во онаа мера како во претходните години затоа што владее економска криза и Градот внимава на ресурсите кои ги троши.
„Почна украсувањето на Скопје. Украсувањето почна со плоштадот и ќе има дополнителни содржини за најмалите, но и новогодишен базар кој ќе биде поставен во центарот на градот. Исто така, ќе имаме и мини забавен парк“, истакна Арсовска.