Македонија

Зимска приказна во Битола – погледнете како изгледа елката!

Зимска приказна во Битола – погледнете како изгледа елката!

Во Старата чаршија, низ Широк Сокак и на најатрактивната локација, каде наскоро ќе започне „Зимска приказна“, а кај Офицерскиот дом, Битола блесна во убавината на предновогодишната светлина, се вели на Фејсбук страницата на Општина Битола каде се појави фотографија од елката.

Од таму велат дека новогодишната радост во градот, веќе се чувствува.

„Општина Битола, изразува голема благодарност до јавните претпријатија, приватните фирми и поединци, а пред се до креативниот тим на советничката група „Поинаку“, кои дадоа свој придонес во креирањето на прекрасната новогодишна атмосфера на Битола“, посочуваат од Општина Битола

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни