Институтот за политички истражувања (ИПИС) објави анкета според која се предвидува победа на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, доколку следната недела има парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,7 отсто, а за СДСМ 12,9 отсто.
На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори“, по ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како треторангирана е ДУИ со 5 отсто. Следуваат Левица со 3,9, Алијанса за Албанците со 2,9 отсто, Беса со 2,2 отсто и Алтернатива со 0,9 отсто.
За некоја друга партија различна од наведени, пак, би гласале 2,9 отсто, додека пак, највисок е процентот на испитаници кои одговориле дека нема да гласаат за ниедна партија – 24,9 отсто.
Не сакале да кажа, пак, 14 отсто, а со „не знам“ или „немам одговор“ одговориле 9,7 отсто.
Резултатите од анкетата покажуваат и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има најголема доверба од политичарите.
Втор е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а трет е лидерот на СДСМ, ДимитарКовачевски
Истражувањето било направено телефонски, во периодот помеѓу 11 и 14 декември 2022 на примерок од 1 117 полнолетни испитаници на ниво на цела држава.
