Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оди во кампања дека нема промена на Устав, дали како ДУИ ќе можат да коалицираат после со нив?
На ова прашање ни одговори Бујар Османи од ДУИ.
„ДУИ се смета за чувар на договорите. Така некако ни е именувањето. Ние сме чувар на трите договора – Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија и сите кои што се против тие договори не можат да бидат заедно со чуварите на тие договори“, вели Османи.
Според Османи, ВМРО-ДПМНЕ немаат аргумент за да бидат против овој договор.