Македонија

Во чаршија урнат објектот „Шар“ кој беше споменик на културата под заштита – ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто?

Во чаршија урнат објектот „Шар“ кој беше споменик на културата под заштита – ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто?

Комисијата за култура на ВМРО – ДПМНЕ вели дека објектот „Шар”, лоциран во Старата скопска чаршија, е срушен до темел.

„Во моментов на негово место никнува нов објект, без соодветно означена информација, којашто задолжително треба да се истакне на самата градежна парцела! Ги повикуваме сите надлежни субјекти да одговорат за какви градежни активности станува збор, имајќи предвид дека овој објект е во сопственост на Република Македонија и споменик на културата под заштита!?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни