Во пресрет на викендот што измина (16 декември), полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар спроведоа уште една од серијата акциски контроли во казина и спортски обложувалници.
При контролата, во казино на улица „Кеј Братство“ во Гостивар бил затекнат 15-годишник од гостиварско село, а во обложувалница на улица „Гоце Делчев“ 16-годишник од Гостивар.
Двајцата малолетници им се предадени на нивните родители, а против сопствениците на казиното и обложувалницата, по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат изготвени поднсоци по член 20 од Законот за игри на среќа и за забавни игри.