Македонија

Тренчевска: За министерство за труд и социјална политика детската заштита е специфична и доста емотивна тема на која посветено работиме

Тренчевска: За министерство за труд и социјална политика детската заштита е специфична и доста емотивна тема на која посветено работиме

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на тркалезната маса „Социјално и емоционално учење во раното детство“ организирана од страна на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ – Скопје. На тркалезната маса присуствуваа и Министерот за образование, Јетон Шаќири, Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, директорот на Бирото за развој, Заќирија Хисани и други релевантни фактори. На тркалезната маса беше потпишана и заложбата за зајакнување на знаењата и компетенциите од областа на социјалното и емоционалното учење и развој во раното детство кај воспитувачи, одделенски наставници и стручни соработници преку моделот на учење во текот на целиот животен циклус.

„За нас како Министерство за труд и социјална политика детската заштита е специфична и доста емотивна тема на која посветено работиме. Нашите верни партнери кои и денеска се тука, УНИЦЕФ и секако академската јавност се страните кои несомнено придонесуваат кон работата на овој ресор на Министерството“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека заедничките заложби ќе продолжат и во иднина со една цел, која  како што посочи Тренчевска, порано и не се земала во предвид, а денес е неизбежен сегмент, тоа е социо-емоционалниот развој на децата.

„Сметам дека преку нашата меѓусекторска напорна работа на сите релевантни фактори што сме тука ќе спроведеме ефективни и ефикасни програми за социјално и емоционално учење кои промовираат позитивен развој во понатамошниот живот. Наша задача е да овозможиме улови за работа и да бидеме сигурни дека нашите деца нема да се плашат од светот и дека полесно ќе се соочуваат со предизвиците по напуштање на шарените врати на градинките “ истакна Тренчевска.

Таа нејзиното обраќање го заврши со мислата дека само преку социо-емоционално учење и меѓусекторски пристап воспитно – образовните установи ќе продуцираат кадри кои ќе бидат стабилни, активни и самосвесни граѓани кои се дел од лицата кои ќе ја унапредуваат иднината на државата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни